Најгледаната утринска емисија во Србија „Ново јутро“ ги шокираше гледачите со глетката на водителката Јована Јеремиќ (32), која во еден момент се „наведна“ над масата, додека камерата беше насочена кон нејзината интимна зона.

Водителката облечена во розов фустан се наведна над масата за сите да ја видат нејзината долна облека и долниот дел. Гневните гледачи веднаш реагираа на социјалните мрежи, со оглед на тоа дека шоуто може да го гледаат сите – и возрасни и деца.

– Загревање за новата сезона на Задруга, најава што ќе видиме – стои во дел од коментарите.

Инаку, Јеремиќ е позната како отворена водителка, но и по необичните модни избори. Минатата година таа се појави во емисија во црн топ и фармерки, чија задна страна имитираше танга.