Димитрије Мијатов, поранешен учесник учесник во балканското шоу „Парови“ денеска е пронајден мртов во пекара во Белград, пренесуваат локалните медиуми. Српските припадници на МВР се’ уште ги утврдуваат околностите за неговата смрт.

За време на неговото учество во „Парови“, Мијатов често влегуваше во конфликт со другите учесници. Во шоуто призна дека во минатото ограбувал продавници и дека два пати лежел во затвор.

Мијатов се занимавал и со други нелегални бизниси за кои, исто така, раскажуваше во „Парови“. Димитрије (42) позади себе остави болен син, кој живее во Доминиканската република со својата мајка.

– Молете се за Никола. Боже, те молам помогни му, објави во една прилика на „Инстаграм“.

Публиката го познава и неговиот брат Филип Мијатов кој се прослави во реалното шоу „Задруга“.