Десет лица загинаа откако автобус со косовски регистерски таблички се преврте кај Славонски Брод, соопшти хрватската полиција.

Автобусот сообраќал на линијата Франкфурт-Приштина, а во него имало околу 60 лица.

За време на увидот, полициските службеници утврдиле дека станува збор за автобус со косовски државјани и регистарски ознаки.

Директорот на болницата во Славонски Брод, д-р Јосип Самарџиќ изјави дека од утрово во болницата биле примени 45 лица, кои побарале медицинска помош по тешката несреќа на автопатот кај Славонски Брод, меѓу кои осуммина биле тешко повредени.

Во 11.30 часот е најавена прес-конференција во болницата, па се очекуваат подетални информации.

По завршување на увидот ќе бидат достапни повеќе информации.

Брзата помош и припадници на јавната противпожарна единица Славонски Брод интервенираат околу превртениот автобус.

Околу 6.20 часот, полицијата добила дојава дека се случила сообраќајна несреќа на автопатот кај Славонски Брод, во близина на наплатните рампи.