Директорот на затворот Филип Андов во интервју за КОД открива што се имало во куферот на Љупчо Палевски Палчо кога тој беше донесен во затворот во Шутка по неговата екстрадиција од Турција во средата, минатата недела.

„Па може да нагласам дека имаше една интересна работа, дека имаше телевизор плазма, од Турција му бил, за притвор но тука каде што е, ние немаме 220 волти струја, регулирана е на 12 волт, само за светло, специјално за собата каде што ќе биде тој“, рече Филип Андов.

Палевски со себе носел и банкноти во евра и турски лири. Според сознанијата на Телма станува збор за околу 1250 евра и неколку стотина лири. Палевски во куферот имал и документи, а обвинителството веќе побарало да изврши увид во нив.

„Да не навлагаме, имаше банкноти во евра и турски лири, сега да не навлегуваме во детали“, посочи Андов.

На прашањето на КОД дали Палевски со него носел и документи, тој потврдно одговори.

„Имаше да, направен е записник“, вели директорот кој посочи дека тоа е стандардна процедура за секој притвореник“, додаде директорот на затворот.

Тој за КОД откри и дека обвинителството веќе побарало да изврши увид во предметите кои Палевски ги донел со себе во затворот во Шутка. Целиот разговор може да го погледнете во емисијата на КОД во линкот подолу.