Повредениот во Астибо Плаза е во добра состојба, а ресторанот работи со нормален ритам, велат од менаџментот.

Несреќниот случај од пред два дена е поради несоодветна употреба на индустрискиот лифт, кој е со мала носивост, објаснуваат надлежните.

Ресторанот Астибо Плаза ги поседува сите сертификати и лиценца за безбедност и квалитет во работата, а надлежните институции не најдоа причина ресторанот да не продолжи со работа, потенцираат одговорните.

ОФИЦИЈАЛНО ОД МВР: Загинатиот има 71 година

На 18.05.2024 во 16.24 часот во СВР Штип било пријавено дека во хотел во Штип, при извршување на работни задачи, со тешки телесни повреди се здобиле В.П.(71) и Т.О.(56), двајцата од Штип. Тие биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што В.П. им подлегнал на повредите. Увид извршиле полициски службеници при СВР Штип, а на местото излегол трудов инспектор. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Стабилна е состојбата на повредениот

Стабилна е состојбата на 56 – годишниот маж кој се здоби со тешки телесни повреди во лифтот во угостителски објект во Штип. Надлежните во Клиничка болница- Штип информираат дека е примен со скршеници на пршлените и е хоспитализиран на oдделението за ортопедија во штипската Клинничка болница. Неговиот колега, 71 годишниот пензиониран кувар им подлегна на повредите добиени при пад на лифтот, во кој биле работно ангажирани.