Дивеење на скопските улици е прикажано преку видео објавено на социјалните мрежи. Автомобилот кој го вози млад човек е марка „БМВ“ прави сообраќајка со такси возило.

Дивеење на скопските улици е прикажано преку видео објавено на социјалните мрежи. На видеото се гледаат неколку млади луѓе како се возат во автомобил и бесно возат кај Градска болница во центарот на Скопје. Автомобилот по марка „БМВ“ прави сообраќајка со возило од такси компанија, а во позадина ечи српска музика од Рада Манојловиќ. Откако се удираат со такси возилото возачот е во шок и извикува пред камерата.

Брзо возење и целосно дивеење на улиците станува „во тренд“ на социјалните мрежи. Видеото беше објавено на српскиот Инстаграм профил „pungasofficial“ каде се објавуваат снимки од многу млади лица од регионот кои брзо возат и ги прекршуваат сообраќајните правила.

Видеото е објавено пред два дена, но не се знае кога е снимено. Иако дивее, возачот на БМВ-то поминува на зелено светло. Треба да се напомене и дека возачот на таксито прави лоша проценка на еден од најлошите семафори во Скопје, бидејќи и нему му е зелено светло, но таксистот тука нема првенство на минување, може да сврти лево само доколку нема други возила.