Дијана Хркаловиќ, поранешна државна секретарка во српското МВР, вечерва е вратена во притвор во Централниот затвор, а полицијата ја лиши од слобода додека купувала намирници во локална продавница.

– Како што дознаваме, Хркаловиќ се симнала пред зградата во која живее, да пазари во продавницата, но потоа и пришле припадници на полицијата, кои според одлуката на Специјалниот суд ја вратиле во притвор, објавија српските медиуми.

Инаку, Специјалниот суд и одреди притвор на Хркаловиќ поради опасност од бегство и поради опасност од влијание врз сведоци.

Претходно Апелацискиот суд во Белград ја укина одлуката на Специјалниот суд со што на 10-ти декември и го укина притворот на Хркаловиќ и наложи повторно да се разгледа предлогот на обвинителот за определување притвор поради опасност од бегство.

– Врз основа на жалбата на Обвинителството за организиран криминал, првостепениот суд погрешно констатирал дека околностите наведени од обвинителот во предлогот не се важни за продолжување на притворот, согласно законската основа поврзана со опасност од бегство, изјави денеска за Танјуг портпаролката на судот Мирјана Пилјиќ.

Хркаловиќ беше во притвор во Окружниот затвор во Белград помалку од два месеци од нејзиното апсење на 15 октомври.

Обвинителството побара судот да и го продолжи притворот по два нови основи – поради опасност од бегство и влијание врз соучесниците, но судот тогаш не го усвои барањето.