Човек заразен со делта сојот заразува од пет до осум други лица, објаснува Д-р Милош Бабиќ, молекуларен биолог и невробиолог. Тој во својот текст за публикацијата „Наука во Србија“, детално објаснува што значи појавата на делта сојот.
Тој потенцира дека овој сој е поопасен бидејќи е позаразен.
„Кога еднаш ќе се појави во еден регион, делта сојот набрзо станува доминантен. Овој сој веројатно произведува значително потешка болест. Иако се потребни уште податоци, прелиминарните бројки покажуваат дека делта сојот предизвикува до 85 отсто повеќе хоспитализации кај невакцинираните, ако се земе предвид староста на заразените. На пример, нивото на тешки болести и смрт е релативно мал во однос на бројот на инфекции во Велика Британија“, вели Д-р Бабиќ.
За делта-сојот пријавени се и некои нови симптоми: губиток на слухот, сериозни гастроинтестинални проблеми, а во ретки случаи и периферни гангрени поради комплетна блокада на капиларите на микротромбовите.