Mинистерството за економија ја објави листата каде граѓаните ќе можат да ги искористат ваучерите за одмор добиени од Владата во износ од 12.000 денари.

На листата се 76 угостителски објекти, хотели и туристички агенции ширум државата.

Ваучерите се наменети за лица со ниски приходи, чии месечни примања во семејството не надминуваат нето-износ од 30 000 денари.

Право на учество на јавниот повик имаа сите категоризирани угостителски објекти за сместување (хотели), кои се лиценцирани и се во туристичките центри во Македонија и туристичките агенции со А-лиценца.