Во интервју за РТС, д-р Анжелике Коци (Angelique Coetzee), претседател на Јужноафриканската медицинска асоцијација, објасни како се откриени првите случаи на инфекција со омикрон во Јужна Африка и кои се симптомите на овој сој. Дефинитивно има помалку смртни случаи од овој вид, но и бројот на пациенти на одделенијата за интензивна нега не е голем, вели д-р Коци.
Омикрон, нов вид на коронавирус, се шири низ целата планета. Во Јужна Африка се појави на крајот на ноември, а досега се потврден во 110 земји. Поради брзината на проширување, многу земји повторно се затворени.
На 18 ноември видела пациент. По анамнезата и симптомите, ништо немало смисла. Со делта сојот имавме симптоми како губење мирис, кашлица, болки во грлото, а оваа личност се жалела само на болки во мускулите, главоболка, замор.
– Го тестирав и тој беше позитивен, како и остатокот од неговото семејство. Видов повеќе позитивни пациенти тој ден и така започна се, вели докторката.
На прашањето каква е клиничката слика на пациентите со омикрон, Анжелике Коци вели дека симптомот е тоа што пациентите си легнале здрави, а во текот на ноќта почнале да чувствуваат жештина.
– Досега со омикрон лекував 106 пациенти. Доминантен симптом беше тоа што пациентите си легнуваа здрави, а во текот на ноќта почнаа да чувствуваат и топлина и студ, имаа ноќно потење. Следното утро се разбудиле со главоболка, болки во градите, па дури и болки во грбот. Слабоста што ја чувствуваат не е обичен замор, овде телото е уморно, не се чувствуваш добро, објаснува Коци и додава:
– Мал дел од нив имаа сува кашлица и болки во грлото, но тоа не е причината поради која доаѓаат на лекар затоа што не се чувствуваат добро. Клиничката слика е иста веќе шест недели. На почетокот беа помлади пациенти, но сега се претежно постари од 30 години. Мажите и жените подеднакво, вели таа.
Омикрон предизвикува мускулно-скелетни симптоми, а делта предизвикува респираторни симптоми
Омикрон претежно предизвикува мускулно-скелетни симптоми, а доколку веднаш започнете со терапија, закрепнувањето е од 3 до 5 дена. Неверојатно е како брзо закрепнуваат со терапија. Невакцинираните луѓе имаат многу посериозни симптоми од вакцинираните. Видовме повеќе респираторни симптоми во делта. Но, и кај двата вида, доколку симптомите се посериозни, се добива пневмонија.
На прашањето дали успеваат да ги згрижат сите пациенти, Коци рече дека нема никакви проблеми, а има помалку смртни случаи.
– Немаме притисок врз здравствениот систем. Успеваме да се грижиме за се, на пример некои болници немаат ниту еден пациент. Омикрон дава помалку и поблаги симптоми. Дефинитивно има помалку смртни случаи, но и бројот на пациенти на одделенијата за интензивна нега не е голем тврди Коци.
Во Јужна Африка, околу 44 отсто од возрасните се вакцинирани
Анжелике Коци вели дека доколку ги почувствувате симптомите на омикрон, итно треба да се јавите на лекар и да започнете со терапија.
– Мора да ги знаете симптомите на омикрон, да реагирате доколку не се чувствувате добро и да се тестирате, да одите кај вашиот лекар, веднаш да започнете со терапија и да одморите. Мора да продолжите да носите маски и да се вакцинирате. Ако сте изложени на посебен ризик, земете бустер доза. Избегнувајте гужви, особено за време на празниците. Нема забави, заклучува Коци.