Најкритично со пожарите вечерва е во околината на селото Будинарци каде гори борова шума. Околу селото се распоредени дежурни екипи кои се обидуваат да го совладаат огнот.
– Дежурни екипи со подршка на локалното население се распоредени околу село Будинарци, напиша вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов на својот Фејсбук профил.
Критично денеска беше и во Мачево и Робово. На терен во Малешевијата, покрај противпожарните единици, шумските стопанства и местното население, интервенираат и екипи на противпожарните служби од Словенија, од Австрија и од Бугарија.