Татко (44) од Хрватска е казнет со 2.500 евра и прогласен за виновен откако извршил психичко насилство врз неговата 17-годишна ќерка на поширокото подрачје на Бјеловар.
Според одлуката на судот, тој мора да плати прекршочна глоба и трошоци за прекршочната постапка во износ од 118 евра. Во пресудата се вели дека лани во август околу 23 часот таткото ја навредувал ќерка си, а тоа не било прв пат.
Според кажувањето на малолетното девојче, нејзиниот татко ѝ рекол дека е глупава, дека не е негово дете и дека подобро да не „направел“. Со ова извршил психичко насилство врз својата ќерка, што ѝ предизвикало вознемиреност и нарушување на нејзиното достоинство, нагласи судијата за прекршоци.
Во сведочењето, 17-годишната девојка опишала дека нејзиниот татко ја ставил раката под нејзината маичка и почнал да ѝ ги допира градите. Таа изјавила и дека нејзиниот татко вечерта испил два литра вино, а пред тоа и посилен алкохол. Таа додаде дека после тоа немале повеќе контакт со него. Пресудата е неправосилна и таткото може да се жали, пишува Даница.хр.