Невремето, кое експертите повторно го нарекуваат суперклеточна бура, нешто по 21 часот и 30 минути пристигна во Словенија од правец на Италија. Невремето нешто пред 23 часот се приближи до хрватската граница, каде денеска беше издаден портокалов метео предупредување за грмотевици.

Поради големата веројатност за силен град, силни налети на ветер и многу обилни врнежи од дожд, Словенечката метеоролошка служба Арсо прогласи црвено ниво на опасност.

Словенечкиот портал „Метеоинфо“ во ажурираната вечерна прогноза предупреди дека кон западна Словенија забрзано се приближува многу силна бура, која најверојатно ќе биде придружена со силен ветер и локално многу силен град.

– Силна суперклеточна бура ја погоди словенечката граница кај Нова Горица од Италија, придружена со урагански ветрови, обилни врнежи и локално многу голем град. Невремето ќе се движи кон централна Словенија. Покријте се и обезбедете ја вашата безбедност! – додава „Метеоинфо“.