Вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа на автопатот А3 во Хрватска во која две лица загинаа, а неколкумина се повредени, јавуваат доцна вечерва хрватските медиуми.

Како што соопштија од полицијата, во 23 часот и 32 минути во Центарот за оперативни и комуникации на СВР Брод-Посавина е пријавено дека на јужната коловозна лента од автопатот А3, на 163 километар кај Нова Градишка, се случила сообраќајна незгода во која учествувале товарно возило и патничко возило, во која две лица се здобиле со смртни повреди, додека уште 3 се повредени и се пренесени на укажување на лекарска помош во Општата болница во Нова Градишка.

За извлекување на настраданите од возилото ангажирани се припадници на Итната медицинска помош и пожарникари. Полициски службеници на местото на настанот го обезбедуваат одвивањето на сообраќајот, а во заедничка соработка со Општинското државно правобранителство Славонски Брод продолжуваат со понатамошна работа и увид.

(ФОТО: Илустрација)