Ве молам, ми треба помош. Го бараме Маркијан, му избегал на Мики, Мики со повредена нога, излегол од дома и не можеме да го најдеме. Има црвена тренерка, ве молам некој ако го види да ни јави. Ако го видите застанете го, прашајте го како се вика, ќе ви каже. Ве молам, кој го видел да ни јави веднаш.

Со овие зборови видно вознемирена на социјалните мрежи се обрати пејачката Ребека Јанковска која го бара својот син Маркијан, кој пред малку излегол од зградата каде што живеат во скопско Тафталиџе.

– Ние живееме во Тафталице кај Верото. Пред неколку минути излегол од влезот и сега не можеме да го најдеме, рече Ребека.

ОБНОВЕНО: Маркијан е пронајден

Еве го Маркијан, го најдовме, човекот таксист само што си замина. Дури дошол до кај Боеми старата кафеана. Фала ви на сите што се јавивте, што го баравте, ви благодарам многу, рече Ребека.