13 годишно момче од Битола, почина ненадејно вчера, во атарот на село Крстоар каде било на роденденска забава со своите врсници, јави Телма.

Причините за смртта на смооделенецот од битолското основно училиште ,,Коле Канинаски”, како што јави ТВ Телма, сè уште не се познати, поради што обвинител нареди обдукција, која треба да се изврши денеска.

На 13 годишникот му се слошило околу 15 часот и 30 минути додека играл со своите другарчиња во близина на Битола, по што веднаш била повикана Итна помош. Детето било пренесено во битолската Клиничката болница, без знаци на живот, а лекарите 40 минути се обидувале да го реанимираат, но безуспешно.

Според битолската полиција кај момчето немало знаци на насилство, ниту пак постои друг сомнеж за смртта на 13 годишнито момче. Се претпроставува дека станува збор за приородна смрт, но причините ќе бидат утврдени со обдукцијата која е во тек.