Српската јутјуберка Кристина Кика Ѓукиќ беше пронајдена мртва во својот стан на 8-ми декември минатата година.

Семејството на Кика не се огласи по нејзината смрт, но со оглед на огромниот број пораки кои ги добија од нејзините следбеници на социјалните мрежи во очекување одговор, нејзината мајка Наташа најде сила бидејќи не сакаше да ги остави во тишина, па се огласи за прв пат и испрати јасна порака, дека наскоро ќе ги има сите потребни информации, и дека виновникот ќе одговара.

– Откако семејството ќе ги има потребните информации, ќе соопштам се, бидејќи не сакам да ве оставам во тишина и ќе одговара тој кој треба да одговара. Бесна сум, очајна и целосно скршена – напишала во Инстаграм објава видно потресената Наташа Ѓукиќ.

Да потсетиме, Кристина Кика Ѓукиќ е родена во Белград, на 25 јули 2000 година, каде што живееше и работеше како Јутјубер и инфлуенсер. Нејзината смрт го шокираше целиот регион.

Смртоносна комбинација на лекови

Претходно беше објавено дека во просторијата каде Кика се самоубила биле пронајдени одредени супстанци, но како што се дознава од извори блиски до починатото девојче, токму оваа комбинација била кобна за „јутјуберката“.

Познатата инфлуенсерка за чија трагедија се потресе цела Србија, Кристина Кика Ѓукиќ се си го одзела животот со предозирање со бенседини и екстази, дознава Објектив.

Имено, претходно беше објавено дека во просторијата во која Кика се самоубила биле пронајдени одредени супстанци, но како што се дознава од извори блиски до починатото девојче, токму оваа комбинација била кобна за „јутјуберката“. Кристина се бореше со насилството на социјалните мрежи, а трагичната вест шокираше многумина.

Таа беше српска гејмерка, јутјуберка и инфлуенсерка чиј YouTube канал имаше 700.000 претплатници. Родена е на 25 јули 2000 година во Белград.

Тој ден и било роденден на нејзината мајка

Откако Кика беше пронајдена мртва, се појавија шпекулации дека девојчето се самоубило, но семејството со официјално соопштение ги демантираше овие наводи, нагласувајќи дека се уште нема официјални докази дека тоа навистина се случило.

Нејзината пријателка Мина Деа Аврамовиќ откри дека Кика не била суицидална личност и дека роденденот на нејзината мајка бил на тој трагичен ден, што според неа е единствената причина поради која повеќе не верува во приказните дека Кика решила да крене рака врз себе.

– Информациите кои јавноста веројатно не ги знае се дека тој ден и било роденден на нејзината мајка… А Кика дефинитивно не беше личност која, дури и да го направила тоа, а се уште не знаеме што точно се случило, би го направила на денот на роденденот на нејзината мајка. Секако дека нешто се случило, но сега останува на полицијата, патолози и лекари да откријат што се случило, а ние можеме само да нагаѓаме, што мислам дека ќе доведе до нови проблеми, заклучилa за Hype TV другарката на починатата јутјуберка.

Да потсетиме, семејството на трагично починатата инфлуенсерка излезе со соопштение во кое вели:

– Нашата Кика ја нема повеќе и тоа е нешто што за жал не можеме да го промениме. Она што можеме да го направиме е да побараме од медиумите, инфлуенсерите, пријателите и „непријателите“ да престанат да шпекулираат за тоа што се случило и што ја предизвикало смртта.

– Во извештајот од обдукцијата е наведено дека причината за смртта е НЕПОЗНАТА (шифра c1156-21). Токсиколошкиот наод може да потрае и до 2 месеци, па пред тоа нема да имаме информации што точно се случило.