Вицепремиерот за европски прашања, кој нема да биде дел од новата Влада, Никола Димитров, вечерва во емисијата 360° на Алсат ТВ, зборувајќи за „битките што ги водел во Владата при градењето на ставовите во преговорите со Бугарија“, рече дека во два наврати се заканил и со оставка.
-Јас би требало да се обидам да избегнам ова да стане дебата на ниво ’јас вака кажав, он така кажа‘. На најкрупно, мислам дека јавноста треба да знае, тоа веќе го споменав до некаде, во битката внатре за градењето на заеднички македонски позиции во два наврати бев принуден и да се заканам со оставка дека ’ако одиме вон оваа линија, тоа ќе мора да го правите без мене, а јас ќе излезам надвор и ќе бидам гласен, рече Димитров.