13-годишното момче кое на 3 мај изврши грозоморен масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ пред видео-врската преку која беше сослушан како сведок во истрагата што ја спроведува Вишото јавно обвинителство против неговиот татко, за првпат по два и пол месеци ја виде мајка си и имаше едно прашање за неа – „Дали си среќна сега“?
Според изворот на српски Курир, присутните биле изненадени од неговата студена средба со мајка му, која го прегрнала. Инаку, мајката, како старател бидејќи истиот ден бил уапсен таткото, на 3 мај потпишала согласност тој да биде сместен во таа установа.
– Мајка му го прегрна, но без емоции немаше солзи и никаква реакција. Таа накратко му рекла „да одговори на сите прашања“, а тој и одговори „среќна ли си сега“ – открива соговорникот, но не можеше да прецизира дали мислел на средба или нешто друго.
Тринаесетгодишникот беше сослушан како сведок во истрагата што ја спроведе Вишото јавно обвинителство во Белград против неговиот татко, поради сомнение дека го однел синот на стрелиште и го научил да пука иако имал само 13 години. Тој кобниот ден од сефот го зел оружјето за кое наводно изјавил „дека лесно го отворил бидејќи имал три броја, од кои два веќе биле поставени да го отвораат сефот и дека само двапати го свртел третиот број“.