Страшниот пожар, кој завчера однесе два животи, го закова Мостар во црно на Божиќ. Две сестри загинаа во пожар што ја зафати семејната куќа на улицата „Барише Смолјана“ во Мостар, недалеку од Мостарската катедрала, каде што во тој момент се славеше Божиќ на полноќ.

Мостарската противпожарна бригада објави фотографии од дел од семејната куќа која целосно изгоре.

– Синоќа на отчукувањата на часовникот наместо да го честитаат Божиќ, Мостар беше завиен во црно. Во 00:03 часот добивме пријава дека гори семејна куќа каде за жал животот го загубија две лица. Искрено сочувство до семејството и пријателите – се наведува на веб-страницата на Мостарската противпожарна бригада.

– Во пожарот настрадаа Саида Балиќ (53) и нејзината две години постара сестра Асја Дуганџиќ. Според првичните резултати, несреќните сестри настрадале од чад, а како што дознаваме на лице место Дуганџиќ давала знаци на живот до доаѓањето на полицијата и екипата на Брзата помош, објави весникот „Аваз“.

Иако лекарите на лице место се обиделе со реанимација, за жал немало спас, а дежурниот лекар можел само да констатира смрт и на нејзината сестра која долги години била неподвижна.

Дуганџиќ се грижела за нејзината сестра, а еден од соседите ја видел како излегува од куќата во моментот кога избувнал пожарот и почнал да излегува чад на сите страни.

Во еден момент таа повторно се упатила кон домот, најверојатно поради неподвижната сестра со цел да ја спаси, а иако еден сосед и викал да не го прави тоа, таа не го послушала.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸