Месец и половина по смртта на малото девојче Џена Гаџун од Босна и Херцеговина, конечно пристигна е обдукцискиот извештај, дознава порталот „Аваз“.

Како што дознава „Аваз“, од обдукцискиот наод не може да се заклучи точната причина за смртта. Обвинителството за наодот го известило адвокатскиот тим на семејството Гаџун.

– Нас не ни го дадоа, туку сао го прочитавме. Вештачењето на околностите ќе ја одреди причината за смртта. Од обдукцискиот наод не може да се заклучи причината за смртта, изјавија од адвокатскиот тим на семејството Гаџун.

Потсетуваме дека девојчето Џена Гаџун почина на 14 ноември. Неколку дена претходно била оперирана во приватна клиника во Сараево каде и се појавиле одредени компликации.

Нејзината смрт ја потресе целата балканска јавност. Но, се уште нема одговор што предизвикало девојчето да заврши во кома, а потоа да го загуби животот. Досега во Обвинителството се сослушани десетина сведоци.

„Се уште ги немаме вистинските информации, сето ова оди полека“. Ова за порталот „Аваз“ го изјави Амила Гаџун, мајката на девојчето Џена.

Мајката додаде дека никој за ништо не ги информира.

– Не знаеме до каде е истрагата, не знаеме ништо, изјави Амила Гаџун.

Таа додаде дека наскоро ќе организира протести во Сараево.

– Го бараме одговорноро лице, бараме да се огласи некој од лекарите или Обвинителството. Наскоро ќе организираме протести. Народот е со нас, изјави мајката на девојчето Џена.