Денеска (26.07.2023) во 00.23 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека на локалниот пат Македонска Каменица-с.Цера, патничко возило „мазда“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Г.А.(43) од Македонска Каменица, излетало надвор од патот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила сопатничката С.А.(32) од Македонска Каменица, констатирани во Клиничката болница Штип. Увид извршила екипа од Полициското одделение Македонска Каменица.

Денеска (26.07.2023) во 00.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Ресен, кај с.Лескоец, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(31) од Охрид и патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.К.(53) од с. Горно Оризари, битолско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „опел“, констатирани во Општа болница Охрид, додека со телесни повреди се здобил возачот на возилото „пежо“ и неговиот сопатник Н.А. од Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

(ФОТО: Илустрација)