Двегодишно момче од Нови Пазар вчера околу 14 часот загинало во сообраќајна несреќа во Доњи Штој кај Улцињ, дознава „Вијести“.
Според истите информации, детето веднаш по несреќата било пренесено во Општата болница Бар, но и покрај напорите на лекарите, од здобиените повреди починало.
Несреќата, како што се дознава, се случила кога на улицата „Тутинска“ во таа улцинска населба, со возило „ауди“ А.Д. (26) од Тутин налетал на детето.
– Трагедија се случила кога автомобил, движејќи се во рикверц, удрил во дете кое излегло од дворот на семејната куќа во слепа улица. Возилото „ауди А6“ го управувал Анел Дерденез (27) од Тутин, објавија медиумите.
Возачот е приведен
Возачот е приведен и му е земен примерок од крв и урина. Исто така, запленето е возилото кое ќе биде предмет на вештачење.