Жената Р.Ј.(44) од Славонски Брод починала од повреди здобиени во сообраќајна несреќа кај Какањ, додека зад воланот бил нејзиниот сопруг Д.Ј.(44).

Неофицијално се дознава дека во возилото имало четиричлено семејство, а таткото кој бил зад воланот се здобил со полесни повреди, додека двете малолетни деца со тешки повреди.

Не е познато како дошло до сообраќајната незгода со оглед на тоа што на делницата од патот Какањ – Лашва поради изведување работи била затворена и уредно обележана една сообраќајна лента, јавува Српскаинфо.

Од силината на ударот од „пасатот“ испаднало тркало, а целиот преден дел бил смачкан. Пожарникарите морале да го исечат автомобилот за да ги извлечат повредените, пишува Аваз.

Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон соопшти дека несреќата се случила во петокот во Тичиќи кај Какањ.

– Повредените се пренесени во Кантоналната болница Зеница, каде од здобиените повреди едно лице починало, а другите три лица се здобиле со физички повреди – соопшти МВР.