Четири лица загинаа, едно лице е тешко повредено, а едно се води како исчезнато откако денеска се урна жичара во близина на Неапол, соопштија спасувачите и пожарникарите.
Несреќата се случила на планината Монте Фаито, на околу 45 километри југоисточно од Неапол.
„Кабината на врвот падна“, објави на Фејсбук Умберто Де Грегорио, претседател на јавната транспортна компанија EAV која управува со жичарницата, нарекувајќи го тоа „трагедија“.
Неколку италијански медиуми објавија дека еден од каблите на жичарницата се скинал.
Кабината застана во воздух во близина на подножјето на планината. Евакуирани се 16 патници, соопшти јавната телевизија РАИ и други медиуми.
Спасувачките напори беа отежнати од магла и силни ветрови, изјави Винченцо Де Лука, претседател на Кампанија.
Трите жртви и исчезнатото лице се туристи, рече тој.
Во 2021 година, 14 лица загинаа во Италија при пад на жичара што го поврзува езерото Маџоре со блиската планина.