Популарната пејачка Милица Павловиќ беше следена од папараците и во таа прилика сними шокантно папарацо видео.

Имено, Милица најпрво беше фатена пред американската амбасада без трошка шминка со врзана и целосно опуштена коса, каде таа и нејзините музичари чекаа работна виза за американската турнеја.

После тоа, Милица со бесниот џип „Ренџ Ровер“ со кој управувал нејзиниот возач се упатила кон градот, а застанале кај банка во Нов Белград каде го паркирале автомобилот на сред улица, на место каде што не е обезбеден паркинг.

Возачот на пејачката ги стартувал сите четири трепкачки светла, а потоа излегол да ја покрие регистарската табличка, за да не бидат казнети.

Но, полицијата сепак ги казнила читајќи ги информациите од налепницата на автомобилот, по што Милица и нејзиниот возач продолжиле понатаму и уште еднаш ја повториле истата недозволено паркирање пред ресторан во строгиот центар на Белград.

Милица излегла од автомобилот за да сними видео, додека нејзиниот автомобил останал непрописно паркиран.