





Валерија Преспаноска е една од најпознатите модни блогерки кај нас.
Таа деновиве ужива во Дубаи а токму таму му кажа „ДА“ на вереникот Јане.
Убавата вест, Валерија ја сподели со следбениците на социјалната мрежа Инстаграм каде објави низа фотографии од за неа веројатно најубавиот животен момент.
Валерија Преспаноска е млада и талентирана девојка од Прилеп која својата креативност ja пренесува преку фотографии на социјалните мрежи, а со тоа изнудува и илјадници позитивни реакции од нејзините следбеници.
Нејзиниот профил на Инстаграм го следат над 27.000 корисници, а младата прилепчанка секојдневно ги фасцинира со својата убавина и фотографии кои заслужуваат да се најдат во врвни светски магазини и списанија.






Во едно неодамнешно интервју, Валерија запрашана каде се гледа за 10 години, одговори:
-Се гледам во сосема ново поглавје од животот, среќно мажена со 3 деца хахах, а од професионален аспект се надевам дека во блиска иднина ќе си остварам една моја долгопланирана идеја за работа, која би била и моја понатамошна професија, повторно поврзана со креативност но нема да ви откријам за што точно станува збор, можеби за брзо ќе видите самите.