Сергеј Четковиќ и неговата сопруга Кристина две децении се во складен брак, а на своите ќерки им се одлични родители.

Тој неодамна проговори за родителството, и откри дека неговите ќерки се посвоени, воедно призна дека никогаш немал намера да го сокрие тоа.

Иако се Лола и Мила посвоени, Четковиќ гостувајќи во емисијата кај Гоца Тржан на „К1“ првпат искрено раскажа се на оваа тема и објасни што значи да се биде родител во 21 век.

Проблемот кај сите луѓе е стравот – што ќе се случи кога моите деца ќе дознаат дека се посвоени.

Моите ќерки знаат дека се посвоени, од првиот ден им зборувам дека постои училиште за деца каде што дојдовме и ни кажаа каде сте вие.

Мораш да најдеш начин, сликовит, бајковит начин да им го пренесеш тоа. Кога ја добивме Мила, ние и рековме: „Заедно со сестра ти дојдовме во тоа училиште, те баравме, ти крена рака и рече – еве ме“, раскажува пејачот и додаде:

Луѓето се срамат да зборуваат за посвојување, но не треба. Што значи да си родител?

Тоа не значи само да родиш дете, туку да бидеш негова поддршка, сигурност, водич. Да бидеш некој кој секогаш е покрај него.