Еден брат јадел само веганска храна, додека другиот јадел сè со поголема количина на месо. По 12 недели, тие ги споредиле телата и здравјето.

Хуго и Рос Тарнер се идентични близнаци кои решиле да направат истражување на своите тела и изглед, односно како тоа се менува со исхраната.

Дванаесет недели, Хуго (лево на фотографиите) јадел само веганска храна и се придржувал до веганска диета, додека неговиот брат близнак јадел секаква храна со голема количина на месо, за да ја видат разликата.

На нив им помогнаа научници од Кингс колеџот во Лондон, кои ја следеа нивната тежина, холестерол, телесни масти и многу други работи.

Бидејќи се идентични близнаци, тие се идеални за истражување како исхраната влијае на телото. Покрај пропишаната храна, тие имале тренинг за издржливост пет до шест пати неделно, за да се подготват за идните експедиции.

И двајцата јаделе ист број калории, но нивната храна се разликувала по составот. По 12-неделна веганска диета, холестеролот на Хуго паднал и тој имал повеќе енергија која не паѓала во текот на денот, бидејќи шеќерот не му паѓал толку многу како порано. Со сето тоа, неговиот ментален фокус бил многу подобар, но имал и некои негативни последици. Од за него непозната причина, тој го изгубил либидото, но забележува дека тоа може да варира од личност до личност.

Рос, кој го почнал истражувањето со 79 килограми и 13 проценти маснотии, добил четири килограми мускули и скоро два килограми маснотии, што го зголемило процентот на маснотиите на 15 проценти и ја завршил студијата со тежина од 85 килограми. Неговиот холестерол останал ист во текот на целата студија.

На крајот, тие заклучиле дека сакаат да спроведат подолго истражување за да добијат поточни резултати. Тие сакаат нивното истражување да трае најмалку шест месеци до една година.

Научниците собрале и примероци од измет пред и по истражувањето и откриле интересни работи. Микробиомите на Хуго подобро штитат од хронични болести како што се дебелина и дијабетес тип 2, докажувајќи дека веганската диета е погодна за одржување на здрав микробиом. Но и кај Рос се воочени ефекти врз микроорганизмите кои малку се промениле.