Се работи за смеса што е евтина и лесна за правење, а се става под јазикот пред спиење бидејќи го зголемува производството на мелатонин во организмот – хормон одговорен за добар сон.

Се работи за мешавина од мед и розова хималајска сол што се става под јазикот пред спиење. Оваа сол е навистина посебна, му помага на телото да стане алкално и со тоа поуспешно да се бори против разни болести. Исто така, помага да се регулира серотонинот, што е многу важно во борбата против депресијата. Серотонинот е невротрансмитерска хемикалија која ги регулира мускулните контракции, ја регулира телесната температура, апетитот и болката, а исто така управува со нашето однесување, крвниот притисок и дишењето.

Кога балансот на серотонинот е нарушен во телото, доаѓа до депресија и други нарушувања во однесувањето, на пр. до нарушувања на спиењето. Серотонинот е создаден во мозокот, во епифизата (пинеална или надмозочната жлезда), која исто така се нарекува трето око – центар на нашата душа.

Розовата хималајска сол исто така ги регулира нивото на мелатонин, хормон одговорен за добар сон, кој исто така се произведува во пинеалната жлезда. Овој хормон се нарекува и – хормон за спиење. Тој управува со нашиот биолошки часовник и се интензивира во вечерните часови и во текот на ноќта. Со доаѓањето на утрото, производството на мелатонин опаѓа и ние се будиме.

Покрај тоа, мелотонинот го штити нашето тело од слободни радикали и кардиоваскуларни заболувања, го забавува стареењето бидејќи ги подмладува клетките и ги намалува шансите за развој на болести поврзани со возраста. Инаку, како што старееме, нашето тело се помалку го излачува и затоа децата спијат повеќе, а постарите луѓе помалку.

Рецепт за смеса на мед и хималајска сол

Измешајте пет лажички мед со лажичка сол и ставете го тоа во тегла. Секоја вечер пред спиење, ставете малку под вашиот јазик.