Бугарскиот јавен обвинител Сијка Милева денеска на прес конференција во Бугарија истакна дека на местото на несреќата на автобусот се пронајдени 44 тела, а спасени се осум лица.

Но, во болница моментално хоспитализирани се седум повредени. Ако се земе предвид дека во авботусот според патниот список имало 52 патници, се поставува прашањето каде е осмиот преживеан.

Истражните органи во Бугарија засега немаат точен одговор каде е ова лице, но претпоставка е дека можеби се прекачил во еден од другите автобуси кои заедно патувале од Турција кон Македонија. Допрва ќе се проверува дали лицето ја напуштило државата.

Според Борислав Сарафов, заменик на главниот обвинител и директор на Националната истражна служба на Бугарија, главна верзија на несреќата е човечка грешка. Исклучен е можен терористички акт, а тубите кои биле во автобусот не биле полни со гориво.