Поранешниот полски репрезентативец Игор Сипневски, почина на 47-годишна возраст. Во последните години боледувал од алкохолизам и депресија, јавуваат полските медиуми.

Најголем впечаток остави играјќи за грчки Панатинаикос во периодот од 1998 до 2000 година, кога беше прогласен за играч на натпреварот против Манчестер Јунајтед, а потоа кажа дека го одиграл со мамурлак. Во тој период играше и за полската селекција за која одигра два натпревари.

Сипневски играше до 2006 година, кога беше отпуштен од шведски третолигаш, откако возел во пијана состојба. Бил и осуден на затвор од 1,5 година поради малтретирање на својата мајка, и закани на полицајци. По отслужување на казната се врати во фудбалот како тренер, но неговата авантура кратко траеше поради проблеми со алкохолот.

Во кариерата настапувал за ЛКС Лоѓ, Кавала, Панатинаикос, Офи Крит, Радомско, Висла Краков, Калитеа, Халмштад, Малме, Трелеборг, а во 2005 повторно се враќа во ЛКС Лоѓ.