Познатата пејачка Елена Велевска во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри дека нејзините три деца веќе извесен период не живеат со неа, пренесува порталот Убавина и здравје.

Имено, откако пејачката се разведе од сопругот Маријан децата останале да живеат со него во Охрид, додека, пак, таа се преселила во Прилеп каде е заедно со своето семејство.

– Децата во моментов не се со мене, се гледаме кога можеме. Судот така одлучи, но јас се надевам дека ова не е дефинитивна одлука. Тие се моето се и многу ми недостасуваат, ги поздравувам во оваа прилика, кажа пејачката.

Откри и дека најстарата ќерка Софија веќе тргнала по нејзините стапки и е многу талентирана кога музиката е во прашање.

Целото интервју можете да го погледнете во видеото во продолжение: