Во тек е финалето за песна на Евровизија. Гледачите велат дека конкуренцијата никогаш не била поголема.

Годинешната Евровизија се одржува во Ротердам во арената “Ahoy”.

Како и претходните вечери, водителскиот тандем се ТВ лицата Шантал Јанзен и јан Шмит, двојната холандкса евровизиска претставничка Едисилија Ромбли и јутјуб ѕвездата Ники де Јегер.

Иако Македонија не се пласираше во финалето на Евросонг, гласаше за победникот. Водителот Ване Марковски ги презентираше нашите гласови.

Очекувано 12 поени добија прекрасните девојки од Србија наречени „Ураганки“.

Од земјите во регионот Македонија не и даде ниту еден поен на Бугарија.