Заврши финалето за песна на Евровизија. Победи Италија со освоени 524 поени

На второ место заврши Франција со 499 поени.

Трета беше Швајцарија со освоени 432 поени.

Годинешната Евровизија се одржa во Ротердам во арената “Ahoy”.

Како и претходните вечери, водителскиот тандем се ТВ лицата Шантал Јанзен и јан Шмит, двојната холандкса евровизиска претставничка Едисилија Ромбли и јутјуб ѕвездата Ники де Јегер.

Иако Македонија не се пласираше во финалето на Евросонг, гласаше за победникот. Водителот Ване Марковски ги презентираше нашите гласови.

Очекувано 12 поени добија прекрасните девојки од Србија наречени „Ураганки“.

Од земјите во регионот Македонија не и даде ниту еден поен на Бугарија.