Поранешниот европски првак Португалија (Еуро 2016) нѐ чека во Порто на 29-ти март (во вторник) од 20.45 часот во финалсната пресметка за мундијалската виза, откако „европските Бразилци“ вечерва победија со 3-1 против Турција во второто полуфинале од нашиот фајнлфор-плејоф.

Турција имаше пенал за барем продолженија, но Бурак Јилмаз промаши на седум минути пред крајот при водство на Португалија од 2-1, па Нуњо Мендеш, кога сѐ беше јасно во 94-та минута стави печат на мечот со третиот гол за потврда на победата.

Отавио и Диего Жота во првиот дел го најавија финалето, Јилмаз на средина од вториот дел ја врати Турција во мечот, а потоа промаши пенал.