Цело семејство од Лесковац, мајка, татко и ќерка, починаа во рок од 10 дена, објавуваат српските медиуми. Како што објавуваат медиумите, прво починала мајката, потоа ќерката, а денеска таткото. Се претпоставува дека причина за смртта е последици од корона вирусот.

Ќерката и таткото биле позитивни на Ковид 19, а мајката, чии резултати биле негативни, починала од срцев удар. Сите биле вакцинирани по трет пат.

Семејството кое утре го погребува седумдесет и шестгодишниот татко, глава на куќата е скршено од болка и шок, исто како и соседите.

– Не ми се верува дека пред две недели ги видов сите среќни, насмеани, собрани во дворот на семеен ручек, како си играат со внуците. А потоа почна пеколот, расплакани раскажуваат сите соседи од улицата Хисарска.

Поради сомнеж дека имаат корона, иако трипати биле вакцинирани, сите биле тестирани, а резултатите прво покажале дека е позитивна педесет и седумгодишна ќерка. Со придружни болести, таа почина во болницата во Ниш на 23-ти октомври.

– На мајката (75) една недела порано престана да и чука срцето. Нејзиниот сопруг веќе имал билатерална пневмонија, но тој во тој момент не бил во болница, лекарот го испратил дома. Кога состојбата му се влоши отидовме приватно да го прегледаме, потоа му беше констатирана КОВИД и дури потоа беше примен во болница и хоспитализиран. Жената починала од грижа и стрес за ќерката и нејзиниот сопруг. Таткото починал не знаејќи ни дека ќерка му умрела, изјавил внукот за српските медиуми.