Страшна верижна несреќа се случи вчера околу пладне кај Остружничкото место во правец кон белградската општина Сурчин. Во оваа сообраќајна несреќа загина млад човек (26 години), а повреден е маж (43).

Ужасна беше сцената на лице место, по случената сообраќајна несреќа. Се судриле камион и 2 комбиња, а последиците од несреќата биле фатални.

На видеото кое го објавија српските медиуми се гледаат страшни сцени на мостот Остружница. Бидејќи сообраќајот бил во прекин, возачите излегле од возилата и застанале на страна.

– Настраданиот од силината на ударот излетал низ предносто стакло од автомобилот и набрзо им подлегнал на тешките повреди, објавија српските медиуми.

На лице место биле присутни 2 возила на брза помош, но и пожарникари кои ги извадиле повредените од возилото.

Стакло, делови од искршени возила, беа расфрлани по коловозот….