– Возачот на Маричиќ паркира во спротивна лента, поминува на две полни линии каде што за малку ќе предизвикаше сообраќајка, не ги почитува пешаците на пешачки премин, направи тешки сообраќајни прекршоци само за да вицепремиерот се симне што поблиску до влезот на ГТЦ, напиша на своите профили на социјалните мрежи Фуркан Салиу.
Новинарот притоа објави и видео од случката која го потврдува тоа што го пишува.
– Но, според вицепремиерот за ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА, ЕВРОПСКИ да, медиумот манипулира 😊 Можеби некогаш ќе успееме да ја донесеме Европа во Македонија, но никогаш нема да го елиминираме балканскиот менталитет од македонскиот политичар, заклучи Фуркан Салиу.
Возачот на #Маричиќ паркира во спротивна лента, поминува на две полни линии каде што за малку ќе предизвикаше сообраќајка, не ги почитува пешаците на пешачки премин, направи тешки сообраќајни прекршоци само за да вицепремиерот се симне што поблиску до влезот на ГТЦ. pic.twitter.com/N7qNmCmmYY
— FurKlan (@FurkanSaliu) April 10, 2023