Познатиот менаџер на урбан скопски лик, Милорад Цајиќ – Цајо вечерва на социјалните мрежи објави последен поздрав за скопската легенда и сопственик на брендот Мак Џинс, Александар Маџаровски.

– Последен поздрав до скопската легенда, сопственик на еден од најдобрите бутици во Скопје „Мак Џинс“, творец на македонскиот бренд на фармерки „Мак Џинс“. Човек кој во секое време знаеше да се постави како помагател, пријател, другар и родител. Почивај во мир Аце Мак Џинс, скопска легендо и еден творците на македонската модна сцена, напиша менаџерот Цајо на социјалните мрежи.