Драги навивачи на македонската репрезентација,

Од срце упатуваме голема благодарност до сите вас, 28.126 илјади, кои дојдовте од сите краеви на Македонија да им дадете поддршка на македонските репрезентативци на Националната арена „Тодор Проески“ на натпреварот против европскиот првак, Италија.

Беше навистина возбудливо да се видат повеќе од 28.000 илјади навивачи кои безусловно ја сакаат и бодрат Македонија.

Навистина сме горди на тоа што со Вашата поддршка, фудбалерите покажаа одлучност, самодоверба и желба за победа.

До следниот предизвик,

#НапредМакедонија