Министерот за здравство Венко Филипче, денеска изјави дека и натаму не може да се организираат свадби и концерти. Организирање на настани не значи свадби или концерти, туку само на состаноци и едукативни курсеви.

„Станува збор за настани кои можат да се организираат како состаноци, како едукативни курсеви, не се дозволени концертите и свадбите. Затоа што стравуваме дека може да се намали дистанцата меѓу луѓето кои се присутни. И затоа постепено одиме кон ублажување на мерките. Ако продолжат трендовите ќе бидат дозволени и концертите“, рече Филипче.