Ирена Костовска од Охрид пред две седмици била примена на операција во скопската Клиника за гинекологија. 33-годишната пациентка почина вчера а членови на семејството велат дека причината за смртта е лекарска грешка.

Последната борба за своето здравје ја водела на Клиниката за абдоминална хирургија од каде, според семејството, било констатирано дека се направени пропусти во операцијата за остранувањето на туморот во карлицата на ГАК.

-КОНСТАТИРАНО Е ДЕКА ПРИ ШИЕЊЕ НА МАТКАТА НА 4 МЕСТА Е ПРОДУПЧЕНО И СОШИЕНО ТЕНКОТО ЦРЕВО ШТО ДОВЕЛО ДО КОНТАМИНАЦИЈА НА ОРГАНИЗМОТ СО ФЕКАЛИИ И ТРУЕЊЕ! ПОСЛЕДНИОТ ОБИД НА Д-Р ОГЊАНОВИЌ ДА НАПРАВИ ИНТЕРВЕНЦИЈА Е НА 06.05.2021, ТЕНКОТО ЦРЕВО Е СКРАТЕНО И САНИРАНИ СЕ ЗАГНОЕНИТЕ РАНИ, СТАВЕНО Е ДРЕН ЗА ДА МОЖЕ ОРГАНИЗМОТ ДА ЈА ИСФРЛИ НЕПОТРЕБНАТА ТЕЧНОСТ, ВЕЛАТ ОД СЕМЕЈСТВОТО.

Додека инспекторот ќе проверува дали лекарите ја почитувале постапката, дел од вистината за случајот Костовка ќе остане непознат.

Иако доктор Јовановска инсистирала, семејството одбило да се изврши обдукција врз Костовска, бидејќи тоа е единствената постапка која може да ги открие точните причини за смртта, но и постапка со која семејството ќе може да продолжи на суд.

Ваквите случаи не секогаш се разјаснати бидејќи семејствата одбиваат да се согласат на обдукција на телата на своите блиски, објавува телевизија Телма.