Министерот за здравство, Венко Филипче, по увидот на состојбата со пожарите и новиte мерки против короната, се вратил во Грција за да го доврши одморот. Ова за „А1он“ го потврди самиот Филипче.
Тој вели дека вечерва се враќа, а од утре ќе биде во Скопје. Ова значи дека министерот одморот го продолжил пред четири дена, откако Владата по предлог на Комисијата за заразни болести изгласа нови рестриктивни мерки против коронавирусот, а тој одржа прес-конференција.
Водејќи се од одговорот на Филипче дека одморот го продолжил веднаш по увидите во пожарите кои беснееја и донесените рестриктивни мерки, тоа значи дека во Македонија бил само еден ден, односно дека изминативе четири дена е во Грција.
Филипче и Заев одмораа на првиот крак во Грција, заедно со нивните сопруги. Во истиот период, во Грција беше и министерот за правда, Бојан Маричиќ. Министерот за здравство и премиерот го прекинаа одморот пред пет дена, по бурните реакции во јавноста дека тие се сончаат, додека во Македонија вирусот неконтролирано се шири, а државата е во пламен како последица на пожарите.