Култната ќебапчилница ДЕСТАН важи за едно од омилените места на скопјани, но дел од луѓето кои редовно ја посетуваат оваа ќебапчилница се незадоволни од големината на ќебапчињата и нивната цена, која според нив, од сосема нејасни причини варира од 32 до 37 денари по парче ќебап. (веројатно зависно од бројот на ќебапчиња во порцијата).
– Едно ќебапче колку малото прсте цена 32 денари, 35 денари и 37 денари. Различна цена од сите три порции, напишано е во група на социјалните медиуми, под која се редат низа од коментари.
Колку за споредба, парче ќебап во останатите скопски ќебапчилници варира од 10 до 15 денари по парче.