Откако го напушти прекрасниот имот во Шимановци, Милјана Кулиќ е активна на социјалните мрежи и редовно споделува фотографии, известувајќи ги своите следбеници што се случува во нејзиниот приватен живот.

Ријалити ѕвездата синоќа се подготви и отиде на ноќна забава. Сепак, таа не претпоставуваше дека нејзината фотографија во прегратката на поранешното момче, направена синоќа на сплав во главниот град, ќе почне да кружи по социјалните мрежи.

Најпопуларната Нишлијка се најде во друштво на Данијел Вишиќ, поранешен „задругар“ со кого Милјана започна романса за време на нејзиниот престој на имотот. Двајцата ја поминаа ноќта на сплавот, а поранешната „задругарка“ не ја симна насмевката од лицето.

– Дали ја обновиле романсата или се само пријатели, останува да видиме, пишуваат српските медиуми.