Откако Дарко Лазиќ ја раскина свршувачката со Марина Гагиќ со која има и син Алексиј, тој заплови во нова љубовна романса со Барбара Бобак.

Дарко на социјалните мрежи сега ја објави првата фотографија со Барбата и на тој начин ја потврди нивната врска, но неговите следбеници го нападнаа.

Во коментарите се спомнуваа неговите деца, ќерката Лорена која ја доби од бракот со Ана Севиќ и синот Алексиј кој го доби со Марина.

„Каков си клошар“, „Кутрите деца покрај таков татко“, „Оди гушкај ги децата наместо тие „клошарки“, се само некои од коментарите.