Секое лето станува актуелна темата за познатиот „патлиџан туризам“, но и не само тоа. Оваа тема е причина за многу сериозни кавги меѓу луѓето од овие простори на социјалните мрежи.

Очекувано и оваа година ништо не е сменето, а лавината сега ја поттикна фотографија на Твитер.

Имено, една твитерџика, која, судејќи по името на нејзиниот профил е од Црна Гора, објави фотографија на која се гледа „основната опрема“ на едни „парадајз туристи“ и со тоа предизвика хаос во коментарите на социјалнуте мрежи. На фотографијата се гледа парче леб, исечен домат и паштета на крпа со поглед на море.

„Сезоната започна“, напиша таа со емотикони од смеа до солзи.

Не е познато на која плажа е направена фотографијата, ниту кога, но очигледно „акцијата“ се случила во Црна Гора.

Како што можеше да се очекува, на нејзина сметка почнаа низа остри коментари и навреди, но и на сметка на сместувањето и гостопримството во Црна Гора, а многумина истакнаа дека на плажа нема ништо послатко од паштета и домати.

„Кога си мал и никаков, а животот ти е неостварен, па ставаш туѓи фотографии само за да сееш омраза. Какви се овие комплекси? Дали се лечат?“ „А смешно е кога некој нема пари, тоа ли?”

„Која година е ова точно? А каде е точно? Бидејќи фотографијата е постара од твојата кариера на Твитер и нема никаква врска со нашето крајбрежје, Многу ме интересира што јадеш ти?, ова се само дел од некои од многуте коментари под објавата.