На снимката од нападот може да се види како девојката му нуди банана на огромното животно, но потоа одеднаш ја повлекува раката токму кога слонот сакал да го земе плодот. Се гледа како таа се насмевнува и се забавува, но слонот ја убидел измамата и наеднаш замавнал со забите и ја фрлил девојката во воздух.

Пријателката која го снимала видеото исплашено се повлекла и ја испуштила камерата. Непосредно пред нападот на слонот, се слуша како девојката вели: „Колку кул“.

Снимката од инцидентот е објавена на социјалните мрежи од Сусанта Нанда, која е офицер на индиската шумска служба и често споделува интригантна содржина за дивиот свет.

– Не можете да измамите слон иако е скротен. Слоновите се едни од најинтелигентните животни во заробеништво – изјавил Нанда.