Двајца млади Хрвати, Леон Лешњаковиќ и Марко Бојановиќ загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Германија, кај Карлсруе, во саботата на 3 јуни, пишува Слободна Далмација.

Младите загинале во сообраќајна несреќа со мотор. Леон Лешњаковиќ починал на местото на настанот, а Марко Бојановиќ шест дена по несреќата во болница.

Веста за оваа трагедија ја објави Хрватската католичка мисија Мителбаден, чии членови беа младите кои загинаа.

– Леон Лешњаковиќ, роден на 09.12.2006 година во Осиек, на 03.06.2023 година на мотор загина заедно со неговиот пријател Марко Бајановиќ, кој почина на лице место.

Семејството Лешњаковиќ дојде во Германија во 2017 година. Леон го оплакува неговото семејство, особено неговата сестра Миа и неговите пријатели. Леон ќе биде погребан во Кандел (Пфалц), каде што живее семејството Лешњаковиќ. Датумот и времето на погребот се уште не се познати, тоа ќе го објавиме подоцна.

Марко Бојановиќ, роден на 6 август 2005 година во Бугојно, загина по тешка сообраќајна несреќа со мотор заедно со неговиот пријател Леон Лешњаковиќ. Додека Леон починал на лице место, Марко се борел за живот неколку дена, но битката ја загубил на 09.06.2023 година во градската болница во Карлсруе.

За Марко тагуваат семејството, роднините и пријателите. Погребот ќе биде во Бугојно, датумот на збогувањето и погребот се уште не се познати. Да останеме поврзани во вера и надеж во Господ. Дај им вечен одмор, Господи, и нека им свети вечна светлина. Почивајте во мир Божји. Амин., стои на веб-страницата на ХКМ Мителбаден.

Според соопштението на полицијата, во неделата, на 4 јуни, нешто пред 11 часот, работниците на терен пријавиле во полиција мотоцикл паднат покрај Л 548 и две машки лица на локација на околу 700 метри пред Винден кај Карлсруе. Едното лице веќе било мртво, другото тешко повредено и не реагирало.

– Полицијата претпоставува дека несреќата се случила во раните утрински часови. Двајцата млади луѓе не носеле кациги или заштитна облека и биле премногу млади за да им биде дозволено да возат таков мотоцикл, соопшти полицијата.

Според полицијата, моторот со кој се случила несреќата бил со волумен од 400 кубни сантиметри. Во зависност од моделот, ваквите мотоцикли можат да се движат со брзина до 200 километри на час. За таков мотоцикл потребна е возачка дозвола за мотоцикл, која може да се добие само на 18 години, пренесува магазинот Феникс.